x2-1

Производителот кој најчесто го поврзуваме со успешните серии на лаптопи, лансираше нов Android паметен телефон, кој има солидни спецификации, огромна батерија и според Acer, ќе биде исклучително достапен.

Имено, благодарение на осум јадрениот процесор од MediaTek, работењето низ оперативниот систем треба да биде мазно и без прекини. Тука помага и 5,5 инчниот екран со помала резолуција, односно HD (1280х720), кој можеби не е остар како кај поскапите конкуренти, но затоа црпи многу помалку графичка моќ.

x2-2

Покрај солидниот процесор, Acer Liquid X2 има и чиста верзија на Android Lollipop 5.1, без дополнителни преправки од Acer, освен само еден екстра панел на почетниот екран, кој ги вклучува сите новитети, како на пример време, вести и социјални медиуми. Чистата Android верзија исто така треба да придонесе за подобри перформанси, но и многу побрзи надградби на нови верзии на оперативниот систем.

Acer Liquid X2 има и многу солидни камери и тоа две со 13 мегапиксели, што ќе ги задоволи и фотографите и оние што се повеќе по сликањето на самите себе си. Најголема предност на новиот модел на Acer е сепак батеријата, која има 4000 mAh и која, според сите други вградени компоненти, треба да овозможи прилично долго траење со едно полнење и тоа до неколку денови.

x2-3

Засега се уште не ни е позната цената на овој паметен телефон, но според тоа како се движи кај конкурентите, не би требала да изнесува многу над 200 евра кај нас.

Извор: Android Central

Претходна статија„Неоком“ прослави успешна 25-годишна приказна
Следна статијаFirefox надградба донесе вградена поддршка за Pocket и поглед за читање