switch

Еден од најпознатите производители на лаптопи, Acer, претстави неколку нови модели на лаптопи и таблет/лаптопи, кои опфаќаат широк опсег и нудат високи перформанси по прилично ниска цена.

Најинтересен е Switch Alpha 12, клон на Microsoft Surface Pro 4, кој има 12 инчен дисплеј со резолуција од 2160х1440 пиксели и посебна тастатура, што значи дека може да се користи и само како таблет. Уредот има и дигитално пенкалце, а во внатрешноста може да се конфигурира со Core i3, i5 и i7 процесори и 4 GB рам, односно 128 GB SSD диск.

switch-1

Негов главен адут е тоа што има водено ладење, што значи дека нема физички кулери и е исклучително тивок. Уредот има и Real Sense 3D камера во предниот дел за препознавање на корисникот за полесно отклучување со Windows Hello. Цената почнува од 599 долари, што е многу поповолно од останатите вакви уреди, особено ако се земе во предвид фактот дека тастатурата е вклучена во пакувањето.

Вториот уред со Windows 10 е новиот Aspire S 13, кој е класичен ултра тенок лаптоп со високи перформанси. Овој модел доаѓа со дисплеј со големина од 13,3 инчи и Full HD резолуција, како и можност за дисплеј на допир. Процесорите се Core i3, i5 и i7, а лаптопот може да се конфигурира максимално со 8 GB рам и 512 GB SSD диск.

aspire 13

Батеријата на стандардниот модел трае 9 часа, но со доплата може да се добие модел со поголема батерија, која трае 13 часа со едно полнење. Лаптопот тежи само 1,4 килограми и е дебел само 14,4 милиметри, а ќе чини 699 долари за почетниот модел, што е исто така поповолно од главните конкуренти.

Acer претстави и нов Predator 17X гејминг лаптоп, кој има супер моќни компоненти – Core i7 6820HK процесор, до 64 GB рам меморија, до Nvidia GTX 980 графичка картичка (моќната десктоп верзија) како и 3 SSD дискови во RAID 0 конфигурација. Дисплејот има големина од 17,3 инчи и 4K резолуција, но компонентите се доволно моќни и за играње на Oculus Rift и HTC Vive виртуелните уреди. Импресивно. Цената почнува од 2.799 долари за почетниот модел.

predator

Покрај Windows 10 лаптопите, Acer не ја заборави и Chrome OS линијата, со новиот Chromebook 14, кој тие велат е најмоќниот ваков нивни Модел досега. Лаптопот има 14 инчен дисплеј, процесори од Core “i” серијата, батерија која трае 12 часа со едно полнење и тастатура отпорна на истурање на течност. Acer особено ја нагласува робусноста во изработката – Chromebook 14 може да издржи 60 kg тежина над него, како и паѓање на од височина од 45 сантиметри без да се оштети.

chromebook

Извор: GSM Arena 1, 2, 3, 4, Windows Central, Windows Blog

Претходна статијаIntel отпушта 12.000 работници, се спрема за различна стратегија во иднина
Следна статијаMicrosoft со многу мала продажба на Lumia уреди во првите три месеци од годината