samsung-galaxy-s3-jb

Надградбата на Android 4.3 е официјална и постепено ќе биде достапна на сопствениците на отклучен Galaxy S3. Брендираните модели обично ги добиваат надградбите нешто покасно, поради потребата истата да биде проверена и тестирана од провајдерот од кога го имате купено телефонот. Зависно од земјата надградбата ќе биде достапна во наредниот период и истата според SamMobile ги донесува следните промени:

  • Поддршка за поврзување со Galaxy Gear паметниот часовник од Samsung
  • Поддршка за TRIM технологија за SSD меморија
  • ANT+ поддршка
  • Корисничкиот интерфејс е надграден на верзија од Galaxy S4
  • Нова Samsung тастатура
  • Ажурирани драјвери за графичкиот прецесор
  • Подобрувања и нови фукнции на  lockscreen
  • Нови режими за екранот
  • Daydream функција (slideshow од избрани слики на lockscreen)
  • Режим за возење
  • Контроли на нотификациите
  • Функција за преместување на SD катичката
  • Нови функции на камерата
  • Нови додатоци во центарот за нотификации
  • Нов кориснички интерфејс на менито за прилагодувања, исто како во Galaxy S4
  • Имплементација на гласовни контроли (функција достапна во S4 со која што контролирате одредени делови на телефонот преку гласовни команди)
  • Нови Samsung апликации: Калкулатор, Часовник, Контакти, Галерија и Музика
  • Апликации од Samsung кои работат на целиот екран
  • Нов S-Voice