Веќе сме запознаени со неофицијалниот план според кој до 2026 iPhone Pro моделите веќе нема да имаат видлива камера и Face ID сензор на екранот. Според овој план, Apple постепено ќе ги менува карактеристиките на предната страна, се до 2027 година кога сите iPhone модели ќе изгледаат исто, барем на предниот дел.

Сега познатиот Ice universe излезе со слика за тоа како ќе изгледа iPhone кога целосно ќе бидат тргнати под екранот камерата и сензорите. Не само што ќе ги нема нив, односно нема да се гледаат, iPhone ќе биде направен без никакви рамки околу екранот, буквално.

Наводно од компанијата веќе имаат започнато соработка со Samsung Display и LG од кои е побарано да развијат OLED екран кој нема да има рамки, а исто така ќе ја користи технологијата за поставување на камерата и сензорите под него.

Дополнително, Apple планира iPhone целосно да го направи од стакло, кое ќе биде и посилно од сегашните, па телефонот би изгледал навистина футуристично.

Од сликата која ја објавува Ice universe се гледа телефон кој навистина би сакале да го имаме, а веруваме дека во наредните години и другите производители ќе имаат вакво нешто.

Ќе биде интересно да се види дали Apple ќе бидат први на пазарот со телефон без рамки или сепак Android конкурентите ќе бидат побрзи.

Претходна статијаМожно враќање на Exynos кај новите телефони од Samsung
Следна статијаВо ноември ќе се одржи 6. Годишна регионална конференција за е-трговија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.