Според најновите шпекулации поврзани со светот на смартфоните, Apple ќе продолжи со зголемување на дебелината и тежината на нивните Pro модели и идната година, односно со наредната генерација.
iPhone 18 Pro Max може да се очекува дека ќе биде најтешкиот iPhone досега со тежина која ќе надмине над 240 грама, тежина која ја имаше iPhone 14 Pro Max. На ова треба да се додаде и зголемувањето на дебелината, па уредот може да се очекува дека ќе биде спротивно од правецот кој мислевме дека ќе го тераат од компанијата, посебно по претставувањето на iPhone Air.
Иако нема информации зошто Apple би направиле вакво нешто, доколку се покаже како точно, но може да се претпостави, а тоа е повеќе простор за сите компоненти, посебно за поголема батерија.
Нема информации за тоа дали вакво нешто може да се очекува и кај помалиот Pro модел, но има уште доста време до претставувањето на iPhone 18 серијата, а повеќе внимание идната есен ќе привлече првиот iPhone на преклоп, доколку биде претставен.
Со оглед на тоа колку време останува до претставувањето на наредната генерација од iPhone, оваа информација треба да се земе со доза на скептичност.
Тоа што е сигурно е дека повеќето корисници би сакале и подебел и потежок телефон, доколку тоа значи дека тој без проблем ќе може да помине барем еден цел ден без полнење.
Ова го покажува до некаде и слабата продажба на iPhone Air, поради што наводно од компанијата не планираат да претстават втора генерација идната година.











































