Сите нови уреди кои Apple ги развива, пред да бидат пуштени во продажба поминуваат цел процес на тестирање за нивната издржливост. Тоа го прават во посебно опремени лаборатории за таа намена, а познатиот Маркез Браунли имаше шанса да посети дел од нив.
Во неколкуте видеа кои тој ги објави на X, може да се види како Apple ги тестира iPhone уредите за водоотпорност, за издржливост при пад, тресење и слично. Секако, не се тестираат само iPhone телефоните, па вакви и слични процеси поминуваат сите уреди од компанијата.
На крај, Браунли прави кратко интервју со Џон Тернус, главниот за инженерство на хардверот во Apple, а видеата можете да ги погледнете во продолжение.