1392941977378477716

Веќе пишувавме за тоа дека канадскиот производител ќе се префрли на Android оперативниот систем со својот нов уред со кодно име Venice, а сега како потврда ги имаме и првите фотографии, кои изгледаат исти како уредот кој го видовме претходно, но сега е барем потврдено дека се вистински. Секако, протекоа преку популарниот твитерџија Evan Blass, кој е најголемиот „протекувач“ на нови телефони во светот.

На фотографијата може да се види дека телефонот ќе има хардверска тастатура, исто како и сите телефони на производителот досега, но истата нема да биде цело време достапна, односно ќе може да се лизга во долниот дел. Според тоа, телефонот ќе може да се користи целосно како нормален паметен телефон со екран на допир.

Интересно, на самата фотографија може да се види и дека на телефонот се веќе инсталирани сервисите на Google, како на пример Drive, а и Android верзијата делува како да не е многу преработена. Ова значи дека ќе добиеме телефон со чиста верзија на Android и со хардверска тастатура, спој кој досега не се случил.

Засега нема сигурни информации за тоа каков чипсет ќе користи уредот, но може да се претпостави дека тоа ќе бидат Snapdragon 808 или 810, како и многу други телефони од високата класа, помогнат од 3 или 4 GB рам меморија.

Она по кое ќе се разликува BlackBerry Venice од другите уреди, покрај хардверската тастатура е и заштитата на податоците на корисникот, како на пример енкрипцијата на пораките и мејловите, а која скоро сигурно ќе биде пренесена од нивниот оперативен систем, во Android.

Покрај фотографијата однапред, Evan Blass не послужи и со краток .gif, на кој може да се види дека задниот дел на BlackBerry Venice ќе биде изработен од карбон – фибер, што е освежување од алуминиумот и стаклото, кои ги имаат скоро сите скапи телефони.

Извор: Evan Blass (Twitter), ZDNet, Gizmodo

Претходна статијаAsus лансираше нов ZenPad S 8.0 премиум таблет со 8 инчен екран и 4 GB рам
Следна статијаIntel и Inventec демонстрираа надворешна графичка единица на Thunderbolt со USB-C порт