Apple нема обичај да ги прикажува производите кои што треба да бидат претставени, а компаниите кои што имаат информации за нив мораат да ги чуваат во тајност до официјалното претставување од компанијата. Ова е начин на работа кој што се има покажано како успешен, од аспект на привлекување на внимание и се повеќе компании го користат. Тоа исто така предизвикува и често протекување на слики и информации кои што го прават чекањето на официјалниот производ поинтересно.
Chine Telecom еден од операторите во Кина кои што ќе го имаат новиот iPhone во својата понуда, „случајно“ објави слика од новата верзија на Weibo, кинеска верзија на Twitter. Од сликата, доколку е вистинска, може да се види дизајнот на телефонот, како и слоганот кој што ќе се користи. Дизајнот, како што повеќе пати е шпекулирано, ќе биде со повеќе заоблени ќошеви, нешто што е карактеристично за најновиот iPod Touch. Веќе неколку пати се најавува дека iPhone 6 ќе го добие тој стил на дизајн, нешто што на доста луѓе ќе им се допадне.
Исто така на сликата се гледа и слоганот кој што гласи „Even Better“, односно Дури Подобро. Слоганите се исто така интересна работа која што многу луѓе ја следат, нешто што не е чудно со оглед на развиениот и карактеристичен начин на промовирање на производите од страна на Apple.
iPhone 6 се очекува да вклучува поголем екран од досегашните модели, нешто што е се повеќе популарно кај корисниците на Android телефоните. Новиот модел треба да има барем 4,7 инчи, а се очекува и поголем модел со 5 или 5,5 инчен екран. Каков и да биде новиот модел, односно модели, се очекува да дознаеме идниот месец, поточно на 9-ти Септември.
Дали за вас е подобро наредниот iPhone да вклучува поголем екран и да биде дизајниран во стилот на iPod Touch ?