ven10_7040_btb_beauty_hands_kb_00305_white_bkd-100577991-large

На пазарот гледаме се повеќе и повеќе таблети, кои доаѓаат со дополнителни тастатури со цел да овозможат продуктивност, односно работење и со документи. Најновиот ваков таблет на Dell доаѓа со Android оперативен систем, што е малку чудно, но има неколку новитети кои треба да го направат еден од најдобрите во класата, како на пример цилиндер во долниот дел кој се поврзува со надворешна тастатура и во кој се вградуваат батеријата и звучниците.

Самиот таблет има големина на екранот од 10,5 инчи и резолуција од 2560х1600 пиксели и е изработен во AMOLED технологија, која го прави еден од ретките во својата класа. Изборот на ваков екран треба да овозможи многу подобар контраст и поживи бои, како и добра видливост на сонце.

ven10_7040_btb_beauty_kb_79308_white_bkd-100577995-large

Во внатрешноста е вграден Intel Atom Z3580 чип, кој има процесор со две јадра и можност за извршување на четири различни задачи. Таблетот е опремен и со 2 GB рам меморија, 16 GB простор за складирање податоци (32 GB се нуди како опција) и отвор за micro SD картичка до 512 GB. Вградени се и две камери – задна со 8 мегапиксели и предна со два мегапиксели, а вградена е и новата 3D камера на Intel, RealSense, која може да мери оддалеченост на некој субјект.

Тастатурата која ќе се нуди како дополнителна опција која чини 130 долари, се поврзува преку Bluetooth, но има и физичка конекција со таблетот, од кого ја црпи енергијата. Интересно ново решение е поврзувањето со таблетот со мали запченичиња и магнети, што овозможува многу поцврсто поставување. Тастатурата ќе има и тачпад, со цел полесна навигација во документите.

Venue 10 7000 - double shot_678x452

Единствен поголем недостаток на таблетот на Dell, покрај чудниот дизајн со цилиндер во долниот дел, се чини е траењето на батеријата. Имено, истата има зафатнина од 7000 mAh, доволно за околу 7 часови користење, што е многу помалку во однос на нормата во класата која изнесува 10 часови користење.

Цената на Dell Venue 10 70000 изнесува 499 долари, а заедно со тастатурата 629 долари, што е во рамките на високата класа на Android таблети.

front_575px

Извор: PCWorld, AnandTech

Претходна статијаКонтрола на протетички справи со мислите
Следна статијаСончевите затемнувања ќе ги „снема“ во далечната иднина