По најавата на Марк Гурман дека Apple минатата недела ќе го претстави iPhone SE 4, која не се оствари, директорот на компанијата нестандардно за него најави претставување на нов производ за оваа недела.
Секако дека во најавата не беше откриено ништо повеќе, па останаа претпоставките дека се работи за четвртата генерација од поевтиниот iPhone SE.
Гурман верува дека претставувањето на овој нов производ ќе се случи денеска, а остануваат очекувањата дека се работи за iPhone SE.
Тоа што е различно во очекувањата е можната промена на името на телефонот, односно да не се работи за четврта генерација од iPhone SE, па Apple оваа поевтина категорија од нивните смартфони да ја нарече различно.
Користењето на зборовите „најнов член на семејството“ од страна на Кук, Гурман го смета како доказ дека можно е да има промена во начинот на именување на овој нов телефон.
Според гласините, овој нов телефон можно е да биде наречен iPhone 16e или iPhone 16 SE, па ќе видиме најверојатно денес.
Покрај најавата од страна на Тим Кук, односно нејзиното интерпретирање, како доказ дека можно е да новиот уред има ново име е и големата промена која се очекува во карактеристиките и дизајнот во споредба со претходните SE модели.
За новиот поевтин iPhone се очекува дека веќе нема да биде направен во стилот на со години постар модел, односно ќе изгледа слично како поновите модели, ќе има исечок, поголем екран, Face ID, а треба да го користи и истиот чип како iPhone 16 серијата.
Телефонот наводно ќе го користи и првиот 5G модем развиен од страна на Apple, нешто што од компанијата со години се обидуваат да го направат.