Еве уште еден доказ дека Microsoft не планира нешто особено големо со Windows 10 Mobile. Протекоа фотографии од Lumia 960, уред кој требаше да го наследи Lumia 950 и да биде новиот знаменосец на компанијата, но како што сите знаеме, тој е откажан, односно компанијата најави дека нема да има нови модели под Lumia брендот.

Lumia 960 (кодно име Northstar) не е особено импресивен уред, односно однадвор делува прилично генерички. Сепак, со оглед на тоа што Microsoft планирал во почетокот за Lumia 950 и 950 XL, може да се претпостави дека неговата моќ ќе била пред се во внатрешноста, односно неговите можности, како на пример поддршката за дигитално пенкалце. Сепак, ова се само нагодувања.

Дизајнот е исто така многу сличен на тој на неговите претходници, но со метална изработка наместо пластична. Всушност, предниот дел е скоро подеднакво ист на Lumia 950. Спецификациите се како за смартфон од високата класа од претходната година, односно дисплејот има резолуција од 2560х1440 пиксели, а процесорот е Snapdragon 820.

Она што „фаќа око“ кај овој уред е бојата одбрана за задниот дел, која неодоливо наликува на Surface уред. Не може со сигурност да се каже, но многу е возможно Microsoft да има продолжено да го развива овој уред во други насоки, односно како Surface телефон. Но, бидејќи се работи за Microsoft, и ова се само нагодувања.

Извор: Windows Central, PhoneArena, MS Power User

Претходна статијаNokia смартфоните со Android ќе бидат достапни на сите светски пазари од јуни
Следна статијаНа Weekend Media Festival во Ровињ конечно откриваме што сакаат жените