Фото: MacRumors

Apple ја претставува наредната генерација од iPhone во септември, со исклучок во 2020 кога поради корона кризата телефоните без претставени месец дена покасно. Ова значи дека уште сме далеку од претставувањето, но сепак ги имаме повеќето од главните информации кои ќе ни покажат што може да очекуваме од iPhone 14.

Според информации од медиум во Тајван, главниот производител на iPhone телефоните, Foxconn, веќе има започнато со тест производство на iPhone 14 Pro, со цел да се добие потврда од Apple за квалитетот на изработката.

Ова би значело дека Apple го има финализирано изгледот на наредната генерација од iPhone, па неофицијалните информации кои не ретко излегуваат, може да се смета дека имаат што да погодат.

Неофицијалните информации веќе одреден период укажуваат на тоа дека Apple оваа година ќе го тргне исечокот од екранот, барем кај Pro моделите. За да ја задржи сепак уникатноста на iPhone и да не направи да изгледа како повеќето Android уреди, дел од информации тврдат дека наместо исечокот, на горниот дел од екранот ќе има мала дупка за камерата, како и дупка во форма на „апче“ за Face ID системот. Ова ќе му даде на iPhone повторно препознатлив изглед и нема да може да се помеша за некој од Android конкурентите.

Втора работа која се најавува е зголемување на дебелината на телефонот доволно за да камерите веќе не излегуваат од неговото тело. Задната страна би била мазна, а од камерите само ќе се гледаат леќите вградени целосно во уредот.

Од страните се најавуваат промени кај копчињата, кои би требало да бидат тркалезни, нешто што порано го имаше кај iPhone.

Од тоа што може да се прочита, иако iPhone 14 треба да донесе промена во изгледот, сепак таа нема да биде драстична, но доволно голема за да ги привлече купувачите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаОсновачот на Nothing го најавува првиот Android смартфон од компанијата
Следна статијаИнспектор Грејс (Grace): Ексклузивна премиера на детективската серија на Pickbox NOW
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.