Сите оние кои сакаат да се подноват со нов смартфон овие зимски празници, еве еден супер моќен телефон – Samsung Galaxy Note 5 во посебна, зимска едиција, која доаѓа со 128 GB простор за складирање податоци, недостапен во ниту една друга изведба на телефонот и покрај најавите кога беше лансиран.
Ова особено помага кај Note 5-ката, зошто недостасува можност за проширување на капацитетот со micro SD картичка. Ограничениот простор кај послабите модели брзо се полни со снимањето на Ultra HD 4K видеа, за какви што има можност камерата на најмоќниот Galaxy. Зголемениот простор помага и во полесно складирање на големи и квалитетни филмови, како и многу, многу музика.
Освен зголемувањето на просторот, “Winter” моделот се разликува и по малку поместеното лого во задниот дел. Другите спецификации се целосно еднакви – Super AMOLED дисплејот има резолуција од 2560х1440 пиксели и мери 5,7 инчи во дијагонала, процесорот е моќниот Exynos 7420 на Samsung, помогнат од 4 GB рам, додека камерата има 16 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата и според сите тестови, важи за моментално најдобрата кај паметните телефони. Note 5 има и специјално дигитално пенкалце за земање забелешки, како и читач за отпечатоци на прсти за подобра заштита.
Samsung Galaxy Note 5 Winter Edition, како што е целото име на телефонот, ќе се нуди во две различни бои – златна платинум и сребрена титаниум, кои се всушност најпродаваните две бои од уредот воопшто. Засега се нуди само во Јужна Кореја, каде чини 846 долари, но со оглед на популарноста на уредот, можеме да очекуваме да се понуди и на други пазари.
Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, Android Authority