Samsung Galaxy S10 е важен телефон за компанијата, така да го наречеме. Тоа е така поради тоа што тој е десеттиот Galaxy S модел, што значи за Samsung ова е јубилеен модел кој сигурно ќе сакаат да го направат повеќе посебен, а посебно на пазарот со прилично силна конкуренција.

Покрај тоа што се работи за јубилеен модел, тој може да се каже дека е на ред за редизајн, со оглед на фактот што веќе неколку години S и Note моделите го имаат истиот, сепак одличен и успешен дизајн.

Дека Galaxy S10 ќе биде поразличен од претходните неколку модели, потврди и ДиЏеј Коу, директорот на Samsung мобилната дивизија. Тој, разговарајќи со кинески медиуми минатата недела, се што најавил е дека промените ќе биде „многу значајни“, но повеќе од тоа не ни очекувавме дека би најавил.

Исто така, според неговите најави, S10 може да се очекува да даде поголем избор на бои, барем за неофицијално најавениот lite модел, доколку Samsung го следи својот конкурент Apple на тој план.

Она што се очекува под многу значајни промени, според сите досегашни неофицијални информации, е екран со помали или воопшто рамки околу него. Исто така, веќе се најавува дека S10 ќе дојде со сензор за отпечатоци под екранот, со подобрата технологија за тоа базирана на ултразвук.

Секоја година камерите на S телефоните добива некое подобрувања, па за идната година се најавува тројна камера на задната страна, најверојатно само за Plus моделот. Исто така, се најавува и поголема употреба на вештачката интелигенција во процесирањето на сцените и сликите, нешто што конкурентот Huawei веќе успешно го прави одреден период.

Galaxy S10 треба да биде претставен на крајот од февруари во рамките на MWC 2019 во Барселона, освен ако во меѓувреме не дојде до некои измени.

ИЗВОРSamMobile
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаСаудискиот Суверен фонд инвестира повеќе од 1 милијарда долари во конкурентот на Tesla, Lucid Motors
Следна статијаOnePlus најави претставување на паметен телевизор за идната година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.