Според искуството на еден Reddit корисник, кој купил Samsung Galaxy S6 од Craiglist, веќе постојат импресивни клонови на популарниот Android уред.
Визуелно уредот навистина не се разликува многу од оригиналниот уред, но под хаубата разликата е евидентна. Имено, наместо 8 јадрен процесор што работи на 2GHZ, клонот има 4 јадрен ARM процесор. Потоа, наместо резолуција на дисплејот од 2560х1440 клонот има само 1280х720. Оригиналниот Samsung Galaxy S6 има и 3GB рам, додека клонот има само 1GB.
Обична апликација за тестирање на перформансите покажува дека репликата е значително послаба од тоа што треба да биде. Впрочем, не може ни да го достигне Google Nexus 5.
Затоа се препорачува внимателно купување, особено доколку не се купува од продавница. Сигурно нема да ви одземе време да вклучите benchmark апликација за да ги проверите спецификациите и како уредот функционира, па сторете го тоа. Пред да купите одреден уред проверете ги оригиналните спецификации кои ги има дадено производителот со цел да знаете што треба да очекувате од истиот. Доколку тие не се совпаѓаат, а некој се обидува да ви продаде лажен уред, можете и да го пријавите во полиција, бидејќи тоа е акт на измама и е казнив со закон.
Извор: Ubergizmo