Дури и без надворешниот, помошен екран, Galaxy Z Flip серијата претставува одличен уред кој им овозможува на корисниците да биде полесно пренослив, а и да потсети на старите „флип“ телефони.
Сепак, ваквите телефони доаѓаат и со дополнителен екран преку кој може да се видат одредени информации без да мора да се отвори целиот уред. Со тек на време овој екран беше нешто зголемен, но сепак остана практичен само за неколку работи.
Според неофицијалните информации, петтата генерација од Z Flip ќе дојде со неколку пати поголем екран кој ќе овозможи многу подобра функционалност, па дури и користење на уредот додека е преклопен.
Од слики објавени, заедно со видео анимација, може да се види не само поголем екран, туку и со специфична, интересна форма. Екранот на некој начин го заобиколува модулот за камерата, па уште некој милиметар продолжува нагоре, оставајќи впечаток дека е уште поголем.

Ако овие информации се покажат како точни, јасно е дека корисниците на овој екран ќе можат да прават многу повеќе. Останува само да видиме што се ќе овозможи Samsung, како на пример отворање на апликациите од „стандардниот дел“ во малиот екран.
Како и претходните години, Galaxy Z Flip5, заедно со Galaxy Z Fold5 и уште неколку други производи, се очекуваат да бидат претставени во август, а дотогаш ги чекаме дополнителните неофицијални информации.