rev03

Geeksphone е шпански производител на мобилни телефони кој што својата работа ја концентрира на работата со open source платформите. Нивниот модел One е првиот мобилен телефон од европски производител кој работел на Android OS и бил наменет за масовната потрошувачка.

Пред околу 2 месеци од Geeksphone најавија дека работат на нов модел кој што ќе работи на два оперативни системи, односно корисниците на едноставен начин ќе може да избираат кој оперативен систем сакаат да го подигнат. Повеќе информации околу овој телефон немаше тогаш, но се очекуваше нешто повеќе за првата четвртина од оваа година. Овој телефон ќе го носи името Revolution.

Geeksphone Revolution треба да работи на Android оперативниот систем и било кој друг оперативен систем поддржан од заедниците, но во овој случај Boot to gecko, како што го нарекуваат Firefox OS системот, на повеќето познат по второто име. Geeksphone веќе имаат три модели кои работат на Firefox оперативниот систем. На нивната страна е ставена можноста да се внесе email адреса на која што би биле известени за можноста за нарачување на Revolution телефонот. Сеуште нема повеќе информации околу начинот на работа на двата оперативните системи, односно на кој начин ќе се избираат и едноставноста на процедурата. Сепак покажани се слики од уредот, како и неговите карактеристики.

rev04

Geeksphone Revolution ќе доаѓа со 4,7 инчен екран со резолуција од 960×540 пиксели. Dual-core Intel Atom процесор Z2560 кој работи до 1.6GHz и 1 GB RAM меморија, 8 мегапикселна камера и батрија од 2000 mAh.

Извор: Geeksphone

Претходна статијаMicrosoft се приклучува на Open Compute Project
Следна статијаGoogle претстави пет мини игри за Glass
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.