Pixel смартфоните на Google оставија одличен впечаток и се многу успешни на пазарот, па затоа будно се следи и лансирањето на нивните наследници, кои треба да донесат неколку потребни подобрувања.

Всушност, двете кодни имиња најавуваат многу потребна водоотпорност кај двата уреди – актуелните модели не се водоотпорни, иако на неколку тестови имаат покажано дека можат да издржат прскање со вода, па дури и кратко потопување, без да бидат оштетени.

Имињата за кои зборувам се “Walleye” и “Muskie”. Ако ова не ви значи ништо Вам, дозволете да ви кажам дека се работи за слатководни риби. Причината зошто се слатководни е што сите водоотпорни смартфони се отпорни само на свежа, но не и на солена вода. Како и со многу други имиња на Google досега, ова сигурно не е случајно.

Засега нема други информации за Pixel смартфоните, што е логично бидејќи тие ќе бидат претставени при крајот на оваа година. Според тоа што го нудат двата актуелни модели, очекувам подобрување на веќе извонредната камера, помала рамка околу дисплејот (сега е преголема) и неколку нови софтверски можности со Android O (Oreo?).

Претходно имаше и најави дека Google ќе лансира поевтин Pixel смартфон – актуелните модели се прилично скапи, но моја претпоставка е дека покрај Pixel 2 моделите ќе се нудат и претходниците по пониска цена, како што прави Apple со iPhone.

Извор: Techno Buffalo, Droid Life, WCCFTech

Претходна статијаFacebook со регулатива забрани надзор над своите корисници
Следна статија“Eye” е футрола за iPhone 7 со вграден Android телефон