Денес скоро секој нов паметен телефон од повисоките класи има USB Type-C приклучок, кој самиот по себе овозможува брзо полнење, благодарение на подобриот проток на струја. Сепак, многу производители се одлучуваат на други стандарди за полнење, како на пример Qualcomm QuickCharge или пак , кој во најновата генерација се базира на USB Type-C но има превисока волтажа за „желбите“ на Google.
Затоа, Google строго им препорачува на производителите да не користат такви технологии, бидејќи во тој случај Android телефоните нема да можат да се полнат со ист кабел. Проблемот е особено голем кај телефоните со USB Type-C – доколку денес сакате да купите таков кабел за полнење на вашиот нов Android телефон на пример, нема гаранција дека тој воопшто ќе функционира или пак дека нема да го оштети телефонот. Навистина, купувањето на USB Type-C кабли е вистинска ноќна мора.
Причината за ова е што различните стандарди за брзо полнење користат различни начини на поврзување на контактите во самиот приклучок, што прави да работат само на телефоните со таков стандард. На пример, Huawei нема да може брзо да се наполни со Qualcomm QuickCharge полнач, бидејќи двата имаат различни технологии.
Идејата на Google е да се користи стандардното брзо USB Type-C полнење, кое тие веќе го вградуваат во своите Pixel телефони. Доколку и другите производители го прифатат овој начин на полнење, тогаш купувачите би имале многу помал проблем со наоѓањето на вистински полнач или кабел, односно доколку го полнат со некој друг полнач. Всушност, во некои од наредните верзии на Android може да очекуваме и Google целосно да го забрани користењето на другите технологии.
Извор: Tech Crunch, Engadget, ZDNet