xl_x9-650-80

Додека чекаме на новиот HTC One M10 смартфон, тајванскиот производител не држи во неизвесност со четири нови смартфони, кои донесуваат доза на модерен дизајн во пониските класи.

Најинтересен е новиот X9, кој има метално тело достапно во четири бои (Карбон Сива, Опал Сребрена, Топаз Златна и Купер Розова) кое потсетува на смартфон од највисоката класа и прилично солидни спецификации. Дисплејот има големина од 5,5 инчи и Full HD резолуција, која стана веќе норма во оваа класа и е перфектно добра за телефон со толкав дисплеј. HTC X9 има и два Boom Sound звучници во предниот дел – добра вест за оние кои често гледаат видеа на својот уред.

Во внатрешноста е вграден MediaTek Helio X10 чипот со осум јадра, кој треба без проблем да се справува со се што ќе му сервирате од софтверската страна, особено што е помогнат од 3 GB рам меморија. Во X9 е вграден простор за складирање од 32 GB, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Камерите се солидни, барем на хартија – задната има 13 мегапиксели со бленда f2.0 и оптичка стабилизација, додека предната има 5 мегапиксели. Задната камера може да снима и 4K видео, што е карактеристика која не е карактеристична за телефони од пониските класи. Батеријата има капацитет од 3.000 mAh, што би требало да е доволно за целодневно користење.

2222016114906AM_635_htc_desire_825

Останатите три уреди кои HTC ги претстави на MWC се од Desire линијата и се изработени од пластика и ќе се натпреваруваат во пониските класи. Нивни адут треба да е дизајнот, односно „испрсканата“ со различни бои пластика, која делува свежо и модерно.

Desire 825 е најголемиот смартфон од сите три – има 5,5 инчен HD дисплеј, Snapdragon 400 процесор на 1,6 GHz, 2 GB рам, 16 GB простор со можност за проширување со micro SD картичка. Камерите се многу солидни – задната има 13 мегапиксели, додека предната има 5 мегапиксели. Батеријата има капацитет од 2.700 mAh, што со оглед на внатрешните компоненти, треба да е доволно за цел ден користење.

Desire 630 има исти спецификации како 825-ката, освен помалиот дисплеј – 5 инчи со HD резолуција. Секако, тука и батеријата е помала – има капацитет од 2.200 mAh.

Desire 530 пак е најевтиниот модел во новата понуда, кој исто така има 5 инчен HD дисплеј, но процесорот е послабиот Snapdragon 210 со четири јадра на 1,1 GHz, помогнат од 1,5 GB рам меморија и 16 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. И Desire 530 има солиден капацитет на батеријата од 2.200 mAh.

htc-10600.0

Сите четири нови HTC модели доаѓаат со вграден Android Marshmallow, секако со дополнителен HTC скин. Цените на уредите сеуште не се објавени, но би требало да пристигнат на пазарот од наредниот месец.

Извор: T3, The Verge (1) (2), Android Authority

Претходна статијаSamsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 Edge во онлајн претпродажба во Македонски Телеком
Следна статијаPlus 10 е првиот Windows 10 таблет/лаптоп на Alcatel