Кинескиот производител HTC ја освежува својата средна класа на телефони со новиот Desire 820 што вчера го претстави на IFA во Берлин. Главните адути на овој следбеник на Desire 816 се дисплејот и звукот кој е засилен со технологијата BoomSound. Големината и резолуцијата на екранот се исти како претходникот додека она е под интересниот дизајн е малку поразлично.
Уредот Desire 820 работи на 64 битен осумјадрен процесор Qualcomm® Snapdragon 615 со интегриран модул 4G LTE Cat 4.
Од компанијата тврдат дека благодарение на процесирачките моќи на Qualcomm, солидните спецификации и ниската побaрувачка на енергија новиот Desire 820 ќе може да извршува доста процеси истовремено зачувувајќи ја батеријата.
Покрај солидните 2 гигабајти RAM доаѓа и со 16 гигабајти меморија, а она што е најзабележително на оваа серија е всушност камерата која има 13 мегапиксели. Интересно е што предната камера има 8 мегапиксели, а за се’ да работи беспрекорно секако тука е батеријата која има моќност од 2.600 mAh.
Оперативниот систем секако е Android 4.4 Kitkat, а компанијата вели дека токму овој телефон евентуално ќе биде надограден со новиот Android L, нешто што со сигурност ќе работи глатко на 64 битниот процесор. Симпатичниот HTC Desire 820 ќе биде достапен ширум светот кон крајот на овој месец.