Како што веќе може да се очекува од HTC тие претставија модел на телефон кој што треба да биде помала верзија од нивниот главен модел, One M8. Наречен One mini 2, тој не ја користи новата M8 ознака која што се користи како дел од името, што можеби е и добра работа поради тоа што ознаката е сметана како чудна одлука на компанијата од самиот почеток. One mini 2, наследник на минатогодишниот mini модел е наменет за корисниците кои што го сакаат дизајнот на HTC мобилните, но сепак не сакаат да користат уред со поголем екран и да ја платат високата цена со која што обично доаѓаат главните модели од високата класа.
Како што е секогаш случајот со помалите модели, тие покрај големината, не вклучуваат и доста од другите карактеристики од поголемиот модел. Па така, HTC One mini 2 не доаѓа со двојната камера која што овозможува интересни ефекти во M8 моделот, па наместо неа вклучува исто така добра 13 мегапикселна камера. Предната камера е со 5 мегапиксели, а двете камера имаат поддршка за снимање на HD видеа. Исто така овој модел на доаѓа со Motion Launch функцијата која што овозможува отклучување на уредот директно во одреден дел со повлекување на прстот од различни страни на екранот.
Сепак исклучувањето на одредени функции од mini моделот, кои што го прават уникатен главниот модел, не е ништо чудно и тие се наменети за друга категорија на корисници. HTC One mini 2 доаѓа со 4,5 инчен екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели со што има густина на пикселите од 326 ppi. За разлика од минатогодишниот miniмодел, mini 2 доаѓа со можност за проширување на вградената меморија од 16GB преку microSD картичка до 128GB. Чипот на уредот е од Qualcomm, односно Snapdragon 400 моделот кој што доаѓа со Quad-core 1.2 GHz Cortex-A7 процесор и Adreno 305 графички процесор, додека RAM меморијата на уредот е 1GB. Работи на најновата верзија од оперативниот систем Android 4.4 KitKat на кој што е инсталиран HTC Sense 6 корисничкиот интерфејс. Батеријата е со капацитет од 2.100 mAh што е повеќе од минатиот модел и треба да овозможи повеќе време на користење на уредот.
Цената на One mini 2 не е се’ уште официјално објавена, па останува да се види кога истиот ќе биде достапен во продажба.