htc-one-m82

Новиот HTC One M8 кој што беше претставен минатиот месец, покрај другите нови карактеристики дојде и со нова шеста верзија од познатиот Sense UI. Овој кориснички интерфејс доаѓа со низа нови функции и подобрувања меѓу кои:

  • Отклучување на екранот со користење на гестови
  • Освежен дизајн на Blink Feed, како и повеќе извори на информации
  • Можност за промена на фонтовите кои се користат низ целиот интерфејс
  • Ажурирани одредени HTC апликации
  • Избор од повеќе бои за изгледот на корисничкиот интерфејс

Ова се разбира не се единствените промени, но се главните промени кои што се достапни за корисниците на новата верзија. HTC Sense 6 дојде вклучен со новиот One M8 и моментално е достапен само за корисниците на овој модел. Меѓутоа од HTC нема да ги остават корисниците на ланскиот модел со постарата верзија, па така тие  ќе добијат надградба на Sense 6 до крајот на Мај оваа година. Ова известување доаѓа од Jason Mackenzie претседателот на одборот на директори на HTC Америка преку неговиот Twitter профил. Можете да претпоставите дека информацијата се однесува за HTC One моделите кои што се продаваат преку операторите во САД, меѓутоа се очекува надградба и на меѓународниот модел не многу подоцна.

Претходна статијаFacebook спрема сервис за трансфер на пари?
Следна статијаVirtuix Omni ќе ве стане од гејмерските столици во јули
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.