hw_334683

На настан кој што се одржа денеска во Парис, Huawei го претстави својот најнов модел предводник во класата, наследник на P6 моделот, Ascend P7. Како и претходниот тој се одликува со одличен и тенок дизајн, доста мала тежина и е направен од комбинација на алуминиум и стакло. Она што е интересно и претставува главна карактеристика е предната камера која што има 8 мегапиксели и е со широк отвор, со што од Huawei се надеваат дека ќе ги привлечат актуелните љубители на selfie сликите.

hw_334676

Huawei Ascend P7 доаѓа со димензии од 139,8 x 68,8 x 6,5 mm и тежина од само 124 грама. Чисто за споредба, Galaxy S5 од Samsung тежи 145 грама, а iPhone 5s 112, но сепак тој е и помал за цел инч. Од другите карактеристики, P7 доаѓа со четири јадрен процесор кој што работи на 1,8 GHz, 2GB RAM меморија и 16GB вградена меморија која што може да се надгради со SD картичка. Екранот е со големина од 5 инчи и Full HD резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Задната камера е со 13 мегапиксели и е направена од страна на Sony, а предната како што веќе напишавме е со 8 мегапиксели. Телефонот работи на најновата верзија од Android оперативниот систем, 4.4 KitKat, врз кој што е поставен Emotion 2.3 корисничкиот интерфејс од Huawei. Батеријата е поголема од неговиот претходник и P7-цата ќе доаѓа со батерија од 2500 mAh.

Huawei Ascend P7 треба да започне да се продава во Европа, Азија и Средниот Исток по цена од 449 евра без договор кај некој од операторите.

Претходна статијаMicrosoft го претстави Office Mix, PowerPoint додаток за снимање на онлајн лекции
Следна статијаOoberdocs: Автоматски зачувајте ги прикачените фајлови од email пораките во Dropbox
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.