Слика: Stephen Shankland/CNET
Слика: Stephen Shankland/CNET

 

На MWC 2014 настанот Huawei го претстави својот прв модел на мобилен телефон кој што работи на Firefox оперативниот систем од Mozilla. Моделот го носи името Y300 што може да претставува малку збунувачки за корисниците поради Android моделот кој што го носи името Ascend Y300, исто така од Huawei.

Firefox OS е наменет за телефони од пониската класа, па така од Y300 не треба да очекувате карактеристики како кај најпознатите модели. Поточно овој телефон ги има во основа истите карактеристики на неговата Android верзија, односно тој доаѓа со: 4 инчен WVGA (800×480) екран, двојадрен 1GHz Snapdragon 8225 процесор, 512MB RAM меморија, 4 GB надворешна меморија, 802.11n Wi-Fi, Bluetooth 2.1, a 5 мегапикселна задна камера и VGA предна камера.

Y300 доаѓа со 1.1 верзија од Firefox OS, односно не е инсталирана најновата 1.3 верзија поради ставање акцент на стабилноста на оперативниот систем и неговата работа.

Цената и датата на достапност не се уште објавени, меѓутоа што се однесува до цената се очекува таа да биде во рамките на мобилните уреди од ниската класа.

Претходна статијаSamsung ги претстави новите Gear 2 и Gear 2 Neo паметни часовници
Следна статијаMediaPad X1 – 7 инчен телефон од Huawei
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.