Најголемиот кинески производител на паметени телефони Huawei, годинава е во невидена офанзива со нови модели, која го вклучува и извонредниот Mate 10 Pro смартфон, кој има врвни спецификации, висока технологија и реално, малку висока цена. Сега, Huawei ќе ги понуди воглавно истите спецификации, но по пониска цена преку Honor брендот и новиот знаменосец V10.

Honor брендот е наменет за помладата популација и тука Huawei најчесто експериментира со дизајнот и некои напредни функционалности. Кај V10, главна карактеристика ќе биде изработката од стакло и 18:9 дисплејот во предниот дел со многу мала рамка и изработката од стакло во виолетова боја која се прелева, што е заштитен знак на брендот.

Спецификациите ќе бидат најдобри кои Huawei има да ги понуди во моментов – Kirin 970 процесор со „вештачка интелигенција“ и 6 GB рам, односно 64 или 128 GB простор, дисплеј со големина од 6 инчи и резолуција од 2160х1080 пиксели и супериорни камери – двојна задна камера со 16 мегапиксели сензор во боја и 20 мегапиксели црно-бел сензор, како и одлична предна камера со 13 мегапиксели.

Според сето ова, Honor V10 не само што ќе биде рамо до рамо со Mate 10 Pro во некои спецификации, туку некаде е и подобар, како на пример предната камера. Главна предност на овој смартфон сепак ќе биде цената, која во Кина ќе изнесува околу 450 долари, што е навистина малку за смартфон со толку моќни спецификации, врвна изработка и одлични камери. Телефонот би требал да биде лансиран на 5 декември, заедно со Honor 7X телефонот од средната класа.

Извор: Android Authority, GSM Arena, Tech Spot

Претходна статијаFirefox ќе ве известува доколку посетите страна која била хакирана
Следна статијаGoogle ќе го намали рангот на руските новински агенции RT и Sputnik