3813_473523816174936_5550896724717100216_n

Индискиот производител на мобилни телефони Ringing Bells го претстави досега најевтиниот паметен мобилен телефон во светот. Моделот наречен Freedom 251 чини само 251 рупии, односно тоа е околу 4 долари или околу 200 денари.

Ниската цена се должи во главно на прилично слабите карактеристики со коишто доаѓа овој смартфон, а исто така и субвенциите од индиската влада, за кои веруваме мора да ги има за да се постигне ваква цена. Кога ќе се земе тоа во предвид, можеби цената нема веќе да е толку чудна, а веднаш се гледа и за кого е наменет еден ваков уред.

Што се однесува до карактеристиките, Freedom 251 доаѓа со 4 инчен IPS екран со qHD резолуција од 960×540 пиксели. Работи на четири јадрен процесор со работен такт од 1,3 гигахерци и 1GB RAM меморија, како и 8GB внатрешна меморија за складирање на податоци.

img_freedom251

Задната и главна камера е со 3,2 мегапиксели, а предната 0,3, што е значително помалку од се повеќе актуелните селфи спремни телефони, меѓутоа да се потсетиме на цената по којашто се продава овој уред.

Freedom 251 доаѓа со батерија со капацитет од 1.450 mAh и работи на Android 5.1 Lollipop.

Овој уред е јасно дека е наменет за корисниците коишто првпат би се решиле да почнат да користат паметен телефон и коишто не се спремни да издвојат повеќе пари од својот скромен буџет.

Според одредени информации, интересот за овој телефон бил толку голем што веб страната каде што може да се нараче веќе не работи, што во овој момент може да се забележи дека уште е така.

Извор: Freedom 251, TNW, Android Central, Cnet

Претходна статијаSynaptics претстави помал читач за отпечатоци кој ќе знае дали отклучувате со вистински прст
Следна статијаВештачката се поблиску до човечката интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.