Фото: Shutterstock.com

Иако се’ уште не е потврдено од страна на Apple, а тоа ќе се случи за време на претставувањето, се очекува дека iPhone 15 серијата веќе нема да го користи Lightning приклучокот од компанијата, туку подобриот и од сите користен USB-C.

Ова е голема промена за корисниците на iPhone, кои останаа единствени кои мораат да имаат посебни кабли за полнење, па дури и другите уреди од Apple користат USB-C.

Извори на 9to5Mac, најавуваат дека промената на USB-C ќе донесе и поголеми брзини на полнење на iPhone кои сега одат до максимум 27W. Новата максимална брзина на полнење треба да биде 35W, колку што е и најсилниот полнач од компанијата моментално достапен.

Тоа што не е сигурно е дали оваа брзина ќе ја добие целата iPhone 15 серија или само iPhone 15 Pro моделите. Веќе можевме да прочитаме дека основните модели ќе имаат одредено ограничување на USB-C портата, па ако тоа се покаже како точно, 35W ќе добијат само Pro моделите.

Како и да е, ова не е баш голема брзина ако се спореди со конкурентите кои веќе одат и до 240W, a стандардно може да се земе некој просек од 45-65W, но сепак не е мала новина за корисниците на iPhone.

iPhone 15 серијата се очекува дека ќе биде претставена на 12 септември, но од Apple се’ уште немаат почнато со испраќање на поканите.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаGalaxy S24 и S24+ можно е да дојдат со рамни страни како кај iPhone
Следна статијаMicrosoft ги промени условите за купување на Activision Blizzard поради блокирањето на зделката од страна на британската CMA
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.