Познатиот „Ice universe“, кој најчесто објавува точни неофицијални информации, тврди дека iPhone 18 Pro нема да дојде со „динамичниот остров“, како неколкуте претходни модели. Ова оди во правец и на повеќе претходни најави дека Apple ќе почне да ги поставува барем дел од сензорите под екранот.
Според информациите, Face ID сензорите ќе бидат поставени под екранот, конечно, па ќе остане да се гледа само „селфи“ камерата, за која изгледа сѐ уште не е доволно развиена технологијата да биде поставена под екранот и да има добар квалитет.
Тоа што е ново како информација е што Ice universe најавува дека камерата ќе биде поставена на левата страна од екранот, наместо во средината, каде што е сега поставена.
Во објава на X, тој објавува и слика преку која прикажува како смета дека ќе изгледа iPhone 18 Pro со променетата предна страна.
Него му се допаѓа ваквата промена, па ги прашува и останатите дали би го купиле новиот iPhone доколку навистина дојде со камерата поставена на левата страна од екранот.
За идната година шпекулациите најавуваат дека на предната страна од екранот веќе не треба да се гледа ниту еден сензор, па оваа година засега оди според најавите, односно ќе биде преодна до целосно тргање на видливите сензори.









































