Пред околу две недели можевме да прочитаме за наводно големата промена која треба да дојде кај iPhone 18 Pro моделите. Face ID сензорите беше најавено дека ќе бидат поставени под екранот, а предната камера ќе остане единствениот дел што би се гледал.
Големата новина беше најавата дека оваа камера ќе биде поставена на левата страна од екранот, наместо во средината, па реакциите на корисниците беа различни, од позитивни, до доста негативни.
Со видео дури излезе познатиот Џон Просер, кој сѐ уште не знаеме како ќе помине со тужбата од Apple, па го прикажа финалниот изглед на iPhone 18 Pro.
Сепак, изгледа дека фановите на iPhone кои не беа баш среќни со ваквите најави, можат да бидат мирни, а најновите неофицијални информации тврдат дека камерата ќе остане во средниот дел од екранот.
На левата страна треба да биде поставен еден од сензорите за Face ID, а не камерата, па резултатот ќе биде само доста помал „динамичен остров“, нешто што дефинитивно ќе направи разлика.
Остануваат очекувањата дека во наредните неколку години Apple ќе успее сите сензори и камерата да ги постави под екранот, па дали јубилејниот iPhone или некој подоцна, ќе дојде со екран кој веќе нема да има ништо друго, па дури ни видливи рамки околу.









































