Многумина од нас сакаат да имаат iPhone, но новите модели им се скоро редовно прескапи. iStyle излегува во пресрет со понудата на iPhone 5S, кој има исклучително достапна цена од 17.990 денари и иако постар, одлично се носи со смартфоните со слична цена.
iPhone 5S е одличен телефон доколку сакате уред кој ќе можете лесно да го ставите во џебот. Неговиот 4 инчен дисплеј е мал според денешните стандарди, но многу негови корисници велат дека ова е идеалната големина. Дисплејот е и Retina со резолуција од 1136х640 пиксели и има одлични бои, висок контраст и одлична видливост на сонце.
Однадвор, iPhone 5S е целосно изработен од алуминиум и стакло и според многумина, ова е најубавиот смартфон на Apple во историјата. Назад е изведен во два тонови на бојата која ќе ја изберете, што оддава луксузен печат, а благодарение на “oleophobic” премачкувањето на дисплејот, можете да бидете сигурни дека отпечатоците од прстите нема да се познаваат премногу и телефонот секогаш ќе изгледа свежо.
Како и од секој iPhone досега и од 5S можете да очекувате мазна работа во оперативниот систем. Процесорот е Apple A7, кој се уште одлично се носи и со потешките апликации, а благодарение на оптимизираноста на оперативниот систем, 1 GB рам е доволен за да задржи повеќе апликации отворени одеднаш.
Задната камера е исто така одлична. Да, има само 8 мегапиксели, но резултатите од неа се конкурентни или подобри од скоро сите смартфони кои можете да ги купите за истите пари. Предната камера има 1,2 мегапиксели, што е малку во денешно време, но има солидни бои и контраст. Всушност, многу од селфијата кои ги гледате на социјалните медиуми се направени со неа.
Не помалку важен е и Touch ID сензорот за отпечатоци, со кој многу брзо и лесно може да го отклучите својот смартфон и да бидете сигурни дека ќе бидете заштитени од тоа некој друг да влезе во него. Голема предност на iPhone 5S споредено со Android конкурентите е и што на него може да се инсталира најновиот iOS 10.2 – Nougat не е достапен во скоро ниту еден Android телефон во овој ценовен ранг.
Многумина ќе речат дека во моментов има смартфони со подобри спецификации и тоа е навистина така, но ниту еден не е оптимизиран како iPhone. 5S е одлично решение за оние на кои не им треба многу голем дисплеј, а во моментов е и исклучително достапен, особено како за уред кој има јаболко на него. Згора на тоа, секогаш може да се потпрете на одличната корисничка поддршка со која не може да се пофали ниту еден друг производител. iPhone 5S во iStyle е достапен во “Silver” и “Space Grey” варијанта.