Најновото издание на популарниот iPhone, може да доцни до првите месеци на 2018-та. Ова го тврди извесен аналитичар од германската Detusche Bank, а како главна причина за доцнењето ги наведува недостатокот на компоненти, како и технолошки предизвици со кои се соочува компанијата која работи на реализацијата на 8ката.

Од она што е познато, односно она што се шпекулира, новата 8ка ќе има OLED дисплеј кој ќе се протега до самите рабови на уредот, како и вертикално позиционирана камера со двојна леќа. Се разбира, ваквите гласини се базираат на непотврдени информации како и врз база на фотографијата од маската за новиот уред која неодамна се појави на интернет.

Без оглед на техничките проблеми и предизвици со кои Apple се соочува, сосема извесно е дека новиот уред ќе биде вистинска технолошка сензација. Од истите причини веројатно е и очекувањето за доцнење на промоцијата која вообичаено се случува во септември.

Според пишувањето на Bloomberg, се вели дека Apple тестира неколку варијации на новиот iPhone 8, едниот кој ќе го поседува новиот OLED дисплеј, меѓутоа прекриен со пластична прекривка со обла форма која ќе се претопува со металната рамка; другиот пак, ќе вклучува стакло на задниот дел и поостри облини со кои ќе наликува на неговиот претходник.

Извор: Forbes, TechnoBuffalo

Претходна статија72 отворени позиции за работа и пракса во 23-те компании учеснички на CareerLaunch
Следна статијаЏон Мекафи претстави целосно приватен и безбеден Android смартфон