Nokia_Normandy_render-578-80

Веќе одреден период се шпекулира за можноста Nokia да претстави мобилен телефон кој што би работел со Android оперативниот систем од Google, наречен Normandy. Овие информации привлекуваат внимание поради тоа што Nokia одлучи да работи ексклузивно со Windows Phone платформата, нешто што е уште повеќе веројатно дека би останало така после купувањето на Nokia од страна на Microsoft.

Сепак информациите, сликите, видеата не престануваат да се појавуваат и врз основа на кои може да се верува дека Nokia сепак има работено на Android телефон и сеуште работи. Интересна беше информацијата дека телефонот би бил со променет кориснички интерфејс, односно нема да го користи стандардниот Android интерфејс, туку истиот ќе биде направен да изгледа слично на Windows Phone.

Врз основа на тие слики, од порталот TechRadar имаат изработено интересна анимација која што покажува како овој концепт би изгледал, па во продолжение можете да го погледнете видеото.

Извор: TechRadar

Претходна статијаAV-Test.org ги претстави резултатите од првото тестирање на Windows 8.1
Следна статијаIFTTT – Ако ова тогаш тоа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.