
Иако редовното миење на рацете и генерално одржување на хигиена е препорачливо секогаш, ова посебно доаѓа до израз кога има некаква епидемија на светско ниво. Најчестите препораки сега кога коронавирусот КОВИД-19 има шанса повеќе да се прошири, меѓу другите, е редовно миење на рацете и тоа околу 20тина секунди.
Сепак, останува прашањето што со мобилните телефони кои ги носиме секаде со нас и кои ги користиме, односно допираме кога сме надвор. Телефоните веќе се познати како едни од највалканите работи кои ги имаме, па сега сигурно би се замислиле што со нив.
Обично не се препорачува чистење на телефонот со било какво средство, а дури не се препорачува да се користат и влажните марамчиња поради ризик да се оштети заштитниот слој на екранот.
Сепак, за оштета на екранот е потребно многу често чистење подолг период, па со оглед на коронавирусот, од Apple ги променија своите препораки, па на нивната страна стои дека уредите може да се чистат со влажните марамчиња.
На нивната страна стои дека може да се користи марамчиња со 70% изопропил алкохол. Истите треба нежно да се користат и да не се поминуваат деловите од уредот кои имаат електроника или пристап до истата.