Shutterstock.com

Канадската компанија „Geep“, која соработува со Apple за рециклирање на стари уреди за нивните делови, е тужена од страна на Apple за продажба на дел од уредите, наместо да се „растурат“.

Според информациите, уредите вклучувале iPhone-и, iPad-и и Apple паметни часовници кои биле препродавани, нешто што секако Apple никогаш не би го дозволиле, а исто така е спротивно на договорот што го имаат со компанијата.

Бројката на уреди која била препродавана изнесува нешто повеќе од 100.000, а по сомневањата, телефоните биле откриени најавени на мобилните мрежи, односно активни. Од Apple веруваат дека бројката на продадени уреди може да е доста поголема со оглед на тоа што освен iPhone, другите уреди често се користат само со Wi-Fi и не може точно да се открие дали се активирани на некоја мрежа.

Од Geep истакнуваат дека тие не знаеле за тоа што се случува, а продажбите ги правеле неколку вработени. Сепак, според информациите, вработените биле на менаџерски позиции во компанијата, со што се става под сомневање изјавата.

Од Apple имаат поднесено тужба против компанијата преку која бараат да се исплати целата сума која ја наплатиле со продажбата на уредите, а дополнително бараат 23 милиони долари.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаЗапочнува продажбата на Huawei Watch GT 2 Pro на македонскиот пазар
Следна статијаНаучниците открија како функционира системот за жед во мозокот кај глувците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.