Сите знаеме дека еден од најбараните подароци за Божиќ е нов… смартфон. Најновите модели на водечките производители станаа предмет на многу мемиња и забавни шеги. Шегата дека премиум уредите се скапи колку автомобил почнува да станува застрашувачка реалност. Токму поради оваа причина, ние одлучивме да наброиме неколку кул работи кои можете да ги купите за Божиќ, без да треба да правите компромис за ниеден додаток.

Ако веќе сте одлучиле да го потрошите целиот божиќен буџет за нов смартфон, сѐ уште имате време да решите дали вреди да потрошите толку многу пари за апликации кои нема ни да ги користите. Дали некогаш сте помислиле дека можете да добиете многу повеќе работи од само смартфон со истиот буџет. И што ако ви кажеме дека можете комплетно да го смените вашиот изглед и да имате кул и модерен смартфон кој ќе одговара на вашиот стил.

#1 Funky Buddha палто 

Што би сакале да видите во вашиот гардеробер кога ќе го отворите наутро? Можеби карирано сиво Funky Buddha палто? Ако ова досега беше само сон, сега може да се насмевнете затоа што сонот се претвори во реалност. Карираното го отелотворува вечниот стил и ќе го привлече секој поглед дури и ако вие не сакате. 

#2 Liu Jo чизми

Што ќе стои добро со такво палто? Можеби Liu Jo црни кожни чизми? Токму така! Тие исто така може да бидат дел од вашиот нов изглед. Минувајте низ секојдневните задачи со вистинско задоволство и убавина, така што тие буквално ќе испарат кога ќе ве видат.. на задачите мислиме и на сите наоколу!

#3 Love Moschino чанта  

Чанта – најважниот аксесоар за секоја жена. Класична црна или поспортски модел во вашата омилена боја – можете да експериментирате. Знаете зошто? Ќе заштедите доволно пари кои треба да ги потрошите целосно за вас. Наш предлог е стилската црна Love Moschino – моделот за кој сонуваат многу жени може да биде ваш.

#4 Blumarine очила за сонце 

За да го провоцирате сонцето и сите околу вас, мора да ставите очила за сонце! Сигурни сме дека дури ни мрачното време нема да може да одолее на вашиот блескав изглед со овој модел од Blumarine. Cat-Eye очилата за сонце со градиент ефект се дефинитивно задолжителен елемент од вашиот изглед.

#5 La Vie Est Belle парфем од Lancomе  

За феноменален финиш може да додадете слатки ноти од омилениот парфем на Џулија Робертс, La Vie Est Belle. Не само што ќе бидете неодоливи, туку и вашето маркантно присуство ќе остане долго после вас.

#6 Motorola One смартфон 

Прекрасен, стилски, и целосно опремен со карактеристиките кои ви се потребни, Motorola One има сѐ што барате, без ништо непотребно – модерен дизајн во класична црна или бела боја, креативна камера со голем број на иновативни функции за неверојатен Instagram профил и супер долготрајна батерија. Нема да посакате ништо друго. Motorola One е дел од Android One програмата која гарантира неограничен простор за зачувување на фотографии, ексклузивни ажурирања и супер брзи перформанси. Сега е можно да имате и импресивен уред кој ќе одговара на вашиот импресивен изглед и кој ќе можете да го купите со остатокот од вашиот буџет.

Претходна статијаМакпетрол ги додели наградите од финалното и четвртото мастер коло од „ВЕРНА повторно наградува“
Следна статијаНорвешка рекордер по бројот на купување на електрични автомобили