LG-G-Flex-front

После претставувањето на телефон со заоблен екран од страна на Samsung, сега и LG го направи истото. LG G Flex е мобилен телефон во класата на мобилен/таблет, има одлични карактеристики и за разлика од моделот на Samsung кој што е заоблен по ширината на екранот, LG реши таа карактеристика да ја направи по неговата висина.

G Flex во почеток ќе биде достапен само во Ј. Кореа, а достапноста на светско ниво сега за сега не е позната. Карактеристиките кои ќе ги има Flex се следните:

  • 6 инчен екран со 720p резолуција
  • 2.26GHz quad-core Qualcomm Snapdragon 800 процесор
  • 2 GB РАМ меморија
  • 32 GB вградена меморија
  • Слот за microSD картичка
  • Камера со 13 мегапиксели
  • 3,500mAh батерија
  • Димензии од 160.5 x 81.6 x 7.9/8.7mm
  • Тежина од 177 грама
  • Android 4.2.2 Jelly Bean

За разлика од Samsung Galaxy Round кој што има одредени функции поврзани со заоблениот екран, LG G Flex не нуди никакви функции, туку нагласуваат дека позицијата на заобленоста нуди поприродно држење на телефонот при користење.

Една интересна карактеристика е материјалот од кој што е изработена задната страна на телефонот, кој треба самиот да се поправи за неколку минути после одредени гребаници. Тоа го овозможува специјалниот заштитен слој од кој што е направен.