LG Bello II е новата генерација од минатогодишните L Bello и L Fino модели пред се наменети за земјите во развој и корисниците кои што имаат ограничен буџет за купување на паметен телефон. Како таков, Bello II доаѓа со послаби карактеристики кои што го ставаат во средната, односно средно ниската класа.
Се работи за телефон со 5 инчен FWVGA екран со резолуција од 854 x 480 пиксели и димензии од 140.8 x 71.6 x 9.6mm со тежина од 155 грама. Работи со 1.3 GHz четири јадрен процесор и 1 GB RAM меморија, како и 8 GB меморија за складирање со можност за проширување. Батеријата е со капацитет од 2.540 mAh.
Како и повеќето телефони денес од пониските класи, така и новиот LG доаѓа со предна камера која што треба да ги привлече селфи сликачите со 5-те мегапиксели. Задната камера доаѓа со 8 мегапиксели.
Bello II позајмува и дел од функциите на посилната G серија, па вклучува можност за сликање со користење на гестови, што помага при селфи сликањето. Исто така, при сликање на селфи слики, светлината од екранот се користи како флеш за подобар квалитет на сликите.
LG Bello II ќе биде постепено достапен на повеќето пазари, но во овој момент не е објавена цената по кој што ќе се продава.