gsmarena_002

Жестоката конкуренција во високата класа често прави да подзаборавиме на поевтините паметни телефони, кои барем на нашиот пазар се купуваат во поголем број отколку поскапите. K5 и K8 се нови модели во гамата на LG, кои спаѓаат во ниската и средната класа и кои го донесуваат стилот и дизајнот на минатогодишниот знаменосец LG G4 во поевтино пакување.

K8 е веројатно поинтересниот смартфон од двата – има 5 инчен дисплеј со HD резолуција, со стакло кое е делумно заоблено на страните, односно 2.5D Arc Glass. Копчињата за подесување на гласноста и за отклучување/заклучување се наоѓаат позади, како во повеќето смартфони на LG, додека над нив се наоѓа камера со 8 мегапиксели. Предната камера има 5 мегапиксели, што е одлична вест за селфи фановите.

Во внатрешноста е вграден четири јадрен процесор на MediaTek со фреквенција од 1,3 GHz, помогнат од 1,5 GB рам меморија за моделите кои ќе се продаваат на европскиот пазар. Уредот е опремен со 8 GB внатрешен простор, а има и слот за мемориска картичка. Батеријата има капацитет од 2.125 mAh, што е на границата на употребливо за телефон со толку голем дисплеј.

LG K5 исто така има 5 инчен дисплеј, но само со резолуција од 854х480 пиксели, која го сместува на дното дури и во ниската класа, каде норма во моментов е резолуција од 960х540 пиксели. K5 го има истиот процесор и простор за податоци како K8, но има 1 GB рам меморија. Камерите се 5 мегапиксели назад и 2 мегапиксели напред, а батеријата има капацитет од само 1.900 mAh. Интересно, овој модел доаѓа со Android Lollipop 5.1, за разлика од K8 кој има Android Marshmallow 6.0.

Цените на двата уреди сеуште не се најавени, но очекувам K5 да не биде поскап од 150 евра, а K8 да не чини повеќе од 200 евра. И двата модели би требало да бидат понудени и на нашиот пазар.

Извор: GSMArena, CNET, TechTimes

Претходна статијаSulon Q е VR уред со вграден компјутер
Следна статијаВо Android N забележан код кој укажува на можност за работа со прозори како на десктоп