lg-lancet-verizon-640x393

Првиот Windows Phone 8.1 паметен телефон на LG, кој го најавивме неодамна, беше лансиран ексклузивно за мрежата Verizon во САД, што значи дека најверојатно нема да го видиме и кај нас. Но и не треба да ви недостасува, бидејќи реално во моментов Microsoft нуди подобри паметни телефони со Windows Phone оперативен систем.

Главниот, ако можеме да го наречеме проблем е резолуцијата на 4,5 инчниот екран од само 854х480 пиксели, која реално припаѓа на паметен телефон од пред неколку години, особено бидејќи конкуренцијата во средната класа веќе нуди HD екрани со резолуција од 1280х720 пиксели. Во своја одбрана, LG вели дека околу екранот има многу мала рамка, што ги задржува малите димензии.

Во внатрешноста, од друга страна, вграден е мошне солиден чипсет – Qualcomm Snapdragon 410, придружен од 1 GB рам меморија и 8 GB простор за складирање податоци. Батеријата има капацитет од 2100 mAh, што е веројатно доволно за еден цел ден траење, а со оглед на останатите спецификации. Задната камера има 8 мегапиксели, додека предната има само VGA резолуција.

Телефонот ќе доаѓа со Windows Phone 8.1, со можност за надградба на Windows 10 кога ќе биде достапен после летово. LG ќе има вградено неколку промени во софтверот, како на пример можноста за отклучување и заклучување со двоен клик на екранот, односно сликање селфи фотографија само со мафтање со раката.

Во САД, LG Lancet ќе се нуди по цена од 120 долари, што е коректно и делумно го оправдува послабиот екран.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаПулсен ласер создава 3Д холограмски прикази во воздух
Следна статијаButterfly 3 е најмоќниот смартфон на HTC!