LG V20 render leak1-970-80

Корејскиот гигант LG веќе подолго време е во сенка на Samsung, особено на смартфон сцената, но тоа не значи дека нивните уреди немаат адути со кои можат да ги израдуваат купувачите, како што е на пример моќниот аудио засилувач со V10 паметниот телефон. Неговиот наследник V20 ќе биде уште помоќен и според LG, ќе овозможи слушање на квалитетно аудио дури и на големите аудиофилски слушалки, кои можат добро да „свират“ само со специјален, статичен засилувач.

За многумина ова е голема работа – реално, звукот од сите паметни телефони, макар и на поскапи, поквалитетни слушалки е прилично слаб, со слаба дистинкција меѓу звуците и недоволно голема гласност без да се предизвика бучава или дисторзија на звукот. Дека го спомнавме Samsung погоре, нивните Galaxy телефони се особено познати по слабото аудио – песните едноставно не звучат толку добро.

V10 е веројатно единствениот паметен телефон во моментов кој може да испорача респектабилен звук, но тоа не значи дека LG ќе стои со скрстени раце. Новиот V20 модел ќе има уште помоќен засилувач со четири „дигитален во аналоген“ конвертери, кои треба да испорачаат звук кој е многу поблизу до оној што го замислил музичарот. Поточно со новиот засилувач LG ветува аудиофилски перформанси, како почист и помоќен звук, со многу поверна репродукција на сите инструменти и вокали.

Новиот засилувач ќе има и уште една функција – ќе ја намалува бучавата од околината. Ова е исто така проблем при слушањето музика – бучавата може да ја направи и нашата најомилена песна да звучни прилично лошо. Според LG, новиот V20 ќе успее да намали до 50% од бучавата од околината, што е навистина респектабилно. Можноста за намалување на бучавата од околината ќе биде искористена и при снимање видео, па очекувајте видеа од V20 кои ќе звучат како да се снимани со квалитетен микрофон.

Извор: TechRadar, Engadget, LG

Претходна статијаFacebook Pages со нов дизајн достапен за сите корисници
Следна статијаApple ќе претстави нов iPad со 10,5 инчен дисплеј наредната година