Досега веќе пишувавме за неколку различни камери кои можат да снимаат VR (виртуелна реалност) видео, но сите беа наменети за професионалците и имаат исклучително висока цена. На помош доаѓа LucidCam, која може да снима видео од 180 степени, кое не е целосно опкружувачко (за ова би ви требале три вакви камери), но затоа чини само 299 долари.
За таа цена добивате камера која може да снима видео со агол од 190 степени во широчина, односно 120 степени во височина, со резолуција од 1920х1080 пиксели по око за видео, односно 2K резолуција по око за фотографии. Камерата ги снима видеата со 30 фрејмови по секунда, што е минимумот за едно квалитетно VR доживување, но со оглед на цената, секако дека нема да се буниме. Најдоброто од се е што LucidCam e мала и лесна (225 грама) и може многу да се носи дури и во џебот, како и секоја друга “Point and Shoot” камера.
Засега, LucidCam е стартап кампања, која бара фундирање на Indiegogo, која има за цел да собере 100.000 долари. Во првите четири дена од лансирањето на стартап проектот, LucidCam веќе собра 35.000 долари, што е одлична бројка и најавува дека наскоро би можеле овој уред да го видиме и на пазарот. Цената од 299 долари се однесува на оние кои сега ќе го поддржат проектот на Indiegogo, но не би очекувал преголемо покачување на цената доколку овој продукт го видиме на пазарот.
Извор: Tech Crunch, Road to VR