Nokia-215-hero1-jpg

Microsoft престана да го користи Nokia брендот на своите Windows Phone телефони, меѓутоа тие имаат право да го користат кај послабите модели во наредните 10 години. Тие тоа право ќе продолжат да го користат и на годинешниот CES2015 настан го претставија малиот и евтин Nokia 215.

Овој уред е наменет за корисниците кои што буквално сакаат да потрошат најмалку пари што можат за телефон кој што ги нуди основните функции на еден ваков уред. Ќе се продава во одредени пазари како Африка, Азија, Средниот Исток, па и Европа за само 29 долари.

Овој телефон ќе доаѓа со можност за поврзување на интернет, меѓутоа само на 2G мрежите, но со оглед на видот на телефон, во главно толку може и да се очекува. Она што е интересно сепак е што тој ќе доаѓа со веќе инсталирани неколку апликации, поточно Facebook, Messenger, Opera Mini, Bing и MSN Weather. Тоа ќе им овозможи на корисниците да сепак можат да ги користат денеска најпопуларните работи на интернет.

Nokia-215-hero3-jpg

Другата работа која што се истакнува е најавата од Microsoft дека батеријата на Nokia 215 ќе може да издржи до 29 денови во мирување кај моделот со една SIM картичка и до 21 ден кај моделот со две. Ова го прави телефонот корисен за корисниците кои што често патуваат без пристап до полнач, а немаат потреба од напредните функции на паметните телефони.

Nokia 215 доаѓа со следните карактеристики:

  • Series 30+ оперативен систем
  • 2,4 инчен QVGA екран со резолуција од 320 x 240 пиксели и нивна густина од 166 ppi
  • 8MB RAM меморија
  • SD картичка до 32GB
  • Димензии од 116 x 50 x 12.9 и тежина од 78,4 кг
  • 100 mAh батерија со можност за разговори до 20 часа и слушање на музика до 50 часа
  • Bluetooth и можност за поврзување со звучници
  • 0,3 MP задна камера со можност за снимање на QVGA видеа
  • Зелена, црна и бела боја

Овој телефон доаѓа и со познатата батерија на предната страна која што може да се им се најде на корисниците во одредени ситуации кога им треба светло.

Треба да почне да се продава во првата четвртина од оваа година.

Извор: Microsoft

Претходна статијаPanasonic претстави концепт на транспарентни прозори екрани за канцелариите и продавниците
Следна статијаMercedes-Benz F015 – Концепт за самоуправувачки и поврзан автомобил на иднината
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.