lumia-650-official

Microsoft оваа недела ги испрати своите финансиски извештаи за првата четвртина од оваа година. Еден од најинтересните податоци, посебно за Windows фановите, е продажбата на Lumia телефоните.

Како што и беше очекувано, продажбата на овие уреди е падната значително, а истата изнесувала само 2,3 милиони уреди. Ова претставува пад од над 70% од истиот период минатата година, што дополнително го намалува пазарниот удел на Windows Phone, кој и така досега не успеа ни малку да покаже знаци на приближување до конкурентите.

Сепак, доколку се земе во предвид реалната ситуација, овие бројки не треба воопшто да бидат причина за изненадување или разочарување на фановите.

Финалната верзија од Windows 10 Mobile стана достапна пред само еден месец, а Microsoft нема посебно голема бројка на достапни уреди за коишто води кампања. Тие може да се каже дека и воопшто не се трудат да ги продаваат, а во САД скоро и да не се достапни кај мобилните оператори.

Кога ќе се земе ова во предвид тотално е нереално да се очекува подобар успех на овие уреди.

Она што може да се очекува е раст на продажбата во втората половина од оваа година, а посебно идната. За тоа ќе придонесе подобро развиениот Windows 10 оперативен систем, како и уредите од другите производители кои постепено почнуваат да се појавуваат, а посебно за бизнис корисниците.

Тука исто така влијание ќе има и претставувањето на Surface Phone којшто треба да биде претставен идната година.

Во извештаите може да се види дека останатите бизниси на компанијата се развиваат одлично, па заработката на ниво на целата компанија е голема. Посебен напредок покажуваат продажбите на Surface уредите, па од тука е и очекувањето дека истото би било и со телефоните под овој бренд.

Office 365 исто така има зголемен број на корисници, а со тоа и приходи, како и бизнисот со сервиси во облакот што може да се каже дека се главниот адут на Сатја Надела.

Извор: Engadget, Windows Central

Претходна статијаAcer претстави неколку нови лаптопи и таблет/лаптопи со Windows 10 и Chrome OS
Следна статијаПат кон бесмртност – дел 2 – дигитален
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.