Moto G_Hero Lifestyle Shot

Motorola оваа недела претстави два нови модели, наследници на истите од минатата година. Се работи за навистина евтиниот Moto G, како и моделот од повисоката класа Moto X. Интересното е што за разлика од повеќето производители, овие два модели го носат истото име како и нивните претходници, па иако тоа може некого да збуни, имињата се наједноставни што можат да бидат. Двата модели доаѓаат со подобрувања од нивните претходници, а ја задржуваат ценовната категорија.

Moto G е помалиот и евтин модел кој што се продаваше по цена од 180 долари, цена која што ќе ја задржи и оваа година. Доаѓа со подобрувања од претходниот модел со работи кои што се барани од корисниците. Оваа година Moto G доаѓа со поголем 5 инчен HD екран со резолуција од 1280 на 720 пиксели и нивна густина од 294 ppi. Процесорот на кој што работи овој модел е Snapdragon 400 со Quad-core 1.2 GHz Cortex-A7 и Adreno 305 графички процесор. RAM меморијата е со 1 GB, а внатрешната меморија вклучува избор од 8 и 16 GB. Она што е различно во овогодинешниот модел, нешто што е барано од корисниците според компанијата, е додатокот на поддршка за microSD картици, па вградената меморија може да се надополни со картица со капацитет до 32 GB. Батеријата на Moto G е со капацитет од 2.070 mAh.

Moto G доаѓа со голем избор на задни маски кои што доаѓаат во различни бои.

Motorola Shells for Moto G

Moto G вклучува и 8 мегапикселна задна камера, како и 2 мегапикселна предна камера. Исто така овогодинешниот модел вклучува два звучника поставени на предната страна, со што треба да се овозможи многу подобро искуство при слушање на музика или било што друго што вклучува звук. Работи на најновата верзија од оперативниот систем, односно Android 4.4.4 KitKat, а од Motorola најавуваат можност за надградба на Android L во иднина.

Moto X Front Dynamic

Вториот модел кој што беше претставен спаѓа во повисоката класа и со тоа донесува доста подобри карактеристики, а се разбира и повисока цена. Moto X ќе се продава по цена од околу 500 долари и ги вклучува следните карактеристики. Екранот е со големина од 5,2 инчи и доаѓа со резолуција од 1920 на 1080 пиксели, односно Full HD резолуција и густина на пикселите од 424 ppi. За разлика од поевтиниот модел, како и неговиот претходник, Moto X оваа година доаѓа со алуминиумска рамка која што почна да се користи во се повеќе модели од другите производители, а мора да се признае дека му дава на уредот нешто поквалитетен изглед.

Moto X доаѓа со Qualcomm Snapdragon 801 чипсет кој што го вклучува Quad-core 2.5 GHz Krait 400 процесорот, како и Adreno 330 графичкиот процесор. Доаѓа со 2 GB RAM меморија, како и избор од 16 и 32 GB на внатрешна меморија, без можност за користење на SD картица. Батеријата е со капацитет од 2.300 mAh.

Moto X исто така работи на најновата Android 4.4.4 верзија и ќе може да биде надграден на Android L во иднина.

Претходна статијаFacebook ја пушта Privacy Checkup алатката за проверка на вашите прилагодувања за приватност
Следна статијаGoogle Chrome на Android го доби новиот Material Design изглед
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.