motorola-e-1

Во денешно време повеќето од нас сме корисници на некој од големиот број на паметни телефони. Нив ги има од повеќе производители кои нудат разни модели по разни цени. Сепак се’ уште има група на корисници кои што ги користат оние стари, соодветно наречени „глупави“ телефони. Овие корисници, заедно со корисниците кои што сакаат да користат паметен телефон, но не сакаат да издвојат поголема сума на пари, креираат една поголема група на корисници на евтини мобилни телефони.

Motorola веќе одреден период претставува производи за оваа група на корисници, па така минатата година го претстави Moto G, паметен телефон со цена под 200 долари. Оваа недела овој модел е појачен со LTE конекција, како и можност за проширување на меморијата со microSD картица. Со ова цената на овој уред ќе се зголеми на 219 долари, на која што влијае и претставувањето на нов уште поевтин модел.

Motorola Moto E е најновиот модел од ниската влезна класа (entry level), наменет за корисниците кои што прв пат купуваат паметен телефон, но и се разбира за корисниците кои што не сакаат да трошат повеќе пари на вакви производи. Доаѓа со 4,3 инчен екран со резолуција од 960 x 540 пиксели со 256ppi и Gorilla Glass 3. Процесорот вклучен во уредот е двојадрен Snapdragon 200 од Qualcomm кој што работи на 1,2 GHz и Adreno 302 400MHz графички процесор. Вклучува 1GB RAM меморија и 4GB на внатрешна меморија за складирање со можност за проширување со microSD картица. Батеријата е со капацитет од 1.980 mAh што според Motorola овозможува комбинирана употреба до 24 часа. Доаѓа со една камера, односно задна главна со 5 мегапиксели.

 

Претходна статијаПротетичка рака контролирана од страна на мозокот одобрена од американските институции
Следна статијаTwitter воведе mute копче
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.