nexus-7-case

Според информациите до кој што има дојдено порталот Digitimes преку набавувачи на материјали, Google планира наредната верзија од Nexus таблетот да биде со 8 инчен екран, наместо 7-те инчи на досегашните два модели, односно наредниот модел би бил Google Nexus 8. Според нив вакво нешто се планира поради слабата побарувачка и продажба на актуелниот Google Nexus 7 2013. Овој модел се продава послабо поради конкурентните модели во оваа категорија кои што се со пониска цена, а исто така продажбата е послаба во споредба со првиот Nexus 7 2012.

Исто така според изворот доаѓа и информацијата за можно користење на Intel’s Bay Trail-T процесорот, покрај до сега користениот Snapdragon од Qualcomm.

Од наше искуство кога се работи за овие помали таблет компјутери, 8 инчен екран е многу попрактичен и подобар за користење во споредба со 7 инчниот, барем во споредбата при користење на Nexus 7 и iPad Mini моделот кој што има 7,9 инчи.

Можната дата кога би бил претставен новиот Nexus е некаде на средината на оваа година, односно на Google I/O конференцијата која што обично се одржува околу Јуни.

Претходна статијаGoogle Chrome екстензии со малициозен софтвер и реклами
Следна статијаЛиста на најлоши лозинки користени во 2013
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.