Веќе одреден период се шпекулира дека Nokia е во изработка на мобилен телефон кој што би работел на Android оперативниот систем. Ова е интересна вест поради фактот што од Nokia одлучија да работат ексклузивно со оперативниот систем од Microsoft, Windows Phone, нешто што беше критикувано од одредена група на луѓе. Тие сметаат дека брендот на Nokia во комбинација со најпопуларниот мобилен оперативен систем Android ќе беше подобар избор и дека Nokia ќе ја донесеше пак на врвот помеѓу производителите на мобилни телефони. Можноста Nokia да претстави телефон со Android не е потврдено, посебно после купувањето од страна на Microsoft.

Сепак веќе неколку пати излегуваат слики кои го покажуваат наводниот телефон од Nokia кој работи на Android. Последната ваква слика покажува кориснички интерфејс за кој што се верува дека е од Android, меѓутоа направен да изгледа слично на Windows Phone. Поради фактот што Android е open source тоа е возможно, па поголемите производители на мобилни веќе тоа го прават (пример TouchWiz корисничкиот интерфејс од Samsung или корисничкиот интерфејс од Amazon).

Од сликата подолу можете да видите за што се работи. Дали Nokia навистина е во изработка на овој или сличен мобилен телефон и дали воопшто ќе го претстави останува да видиме во наредниот период. Според некои информации, доколку сепак се одлучат да го претстават телефонот, тоа може да се случи идниот месец на MWC настанот во Барселона.

BeG-LEfCAAI58o7.png large

 

Претходна статијаЗаштедете сообраќај со новата верзија на Chrome за Android и iOS
Следна статијаMozilla ќе претстави нова верзија од Sync во Firefox 29
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.