N97.1378210750.0.0

Пред една недела објавивме гласини кои наводно беа од извори блиски до самата компанија. Имено, според гласините, Nokia планира враќање во бизнисот со телефони. Се чини дека ова било само фантазија во која сакаме да веруваме. Nokia одлучи да ги демантира тие гласини и да објави дека сето тоа е грешно и не е поврзано никако со Nokia.

Во секој случај, вакво нешто беше очекувано бидејќи Nokia е екстремно ограничена од договорите со Microsoft, така што Nokia нема право да го користи својот бренд на телефони сè до четвртиот квартал на 2016.

Така, гласините дека Nokia ќе се врати на пазарот со телефони може да значат дека Nokia едноставно ќе работи партнерски со други произведувачи кои ќе го откупуваат името на брендот. Тоа и беше изјавено од самата компанија претходно. Но, кога ќе се случи тоа, сè уште не се знае.

Извори: The Verge, Engadget

Претходна статијаИнформации за првиот Lumia телефон со Windows 10
Следна статијаСпоред Германскиот суд Adblock Plus е легален