Samsung наскоро треба да го претстави новиот Galaxy Note 5, таблет – телефон во кој треба да ги покаже сите можности на производителот, но покрај него и S6 Edge верзија на стероиди, која треба да го замени актуелниот Galaxy Note Edge.
Според новите информации, новиот Note ќе има екран со големина од 5,67 инчи во дијагонала, што е помалку од најавените 5,89 инчи. Дисплејот секако ќе биде Super AMOLED, со Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели и се очекува да биде најдобриот кој го направил Samsung досега.
Во внатрешноста ќе работи најновиот Exynos 7422 чип на Samsung, кој повторно треба да направи скок пред конкурентите во класата. Процесорот ќе биде помогнат од 4 GB рам меморија, која ќе биде одлична за работење со повеќе апликации одеднаш, нешто што веќе поодамна е достапно во Note моделите. Интересно, ова ќе биде и првиот чип на Samsung во кој сите компоненти ќе бидат ставени во самиот чипсет, односно процесорот, графиката, рамот, антените за LTE конекцијата итн. Батеријата ќе има капацитет од 4100 mAh, што е навистина импресивно.
Моделот S6 Edge Plus пак ќе биде зголемена варијанта на S6 Edge моделот. Како и Note 5 и овој ќе има 5,7 инчен Super AMOLED екран со Quad HD резолуција, но во внатрешноста ќе има послаб, Snapdragon 808 процесор. Овој модел ќе има батерија од 3000 mAh, што делува малку, но ќе оставиме да видиме што Samsung ќе направи за да ја оптимизира потрошувачката на енергија. Сепак, главен адут на овој модел секако ќе биде закривениот екран по страните, кој има неколку функционалности, но пред се придонесува за многу поубав изглед.
И двата модели ќе имаат импресивни камери, со оптичка стабилизација, со тоа што Note 5 ќе има нов сензор со 18 мегапиксели, додека S6 Edge Plus ќе го има истиот сензор со 16 мегапиксели како и другите два модели од S6 линијата.
Извор: GSM Arena, SlashGear, Android Authority